По вчерашната победа против тимот на Задар со 97-67, следен предизвик за кошаркарите на Црвена Звезда е Купот на Србија, кој ќе се игра во Ниш. Тренерот на „црвено-белите“, Душан Алимпијевиќ, потврди дека дел од тимот ќе биде и нашиот Перо Антиќ.
Поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец и бивш член на белградски Партизан, Ратко Варда, го искажа своето незадоволство од синоќешниот настап на „црно-белите“ кошаркари во полуфиналниот натпревар против ФМП. На овој дуел Партизан заслужено беше поразен и по 19 години нема да биде дел од едно финале на кошаркарскиот шампионат на Србија.
Кошаркарите на Црвена Звезда се првиот финалист на кошаркарскиот шампионат на Србија, откако во вториот натпревар од полуфиналето на гостински терен ја совладаа Мега Лекс со 75-84. Предраг Самарџиски на денешниот натпревар постигна 8 поени и запиша 4 скока.
Кошаркарите на Црвена Звезда поведоа со 1-0, во полуфиналната серија против Мега Лекс, откако на домашен терен славеа сигурна победа од 85-70. Забележителен настап за гостинскиот тим имаше нашиот Предраг Самарџиски, кој натпреварот го заврши со 15 поени и 8 скокови.
Инцидентите помеѓу навивачите на Партизан и Црвена Звезда секогаш се дел од нивните дуели, а последниот се случи на кошаркарскиот меч во рамки од српското првенство.
Составот на АВ Охрид деби сезоната во Првата лига веќе ја заврши со изборен опстанок, па така играчите веќе се распуштени на одмор. Сепак некои од нив сакаат дополнително да играат, што е случај со најдобриот играч, Американецот Девин Брукс кој си пронајде нов ангажман.
Младиот македонски кошаркарски стратег, Александар Јончевски нема по убаво да го памети дебито на клупата на српскиот прволигаш Спартак Суботица, каде што седна пред неколку дена.
Поранешниот тренер на МЗТ Скопје и актуелен асистент во репрезентацијата на Македонија, Александар Јончевски си пронајде нов ангажман, прв интернационален откако седна на клупата на српскиот прволигаш Спартак Суботица. Младиот македонски стратег денес пред медиумите, на официјална прес-конференција беше промовиран во нов тренер на клубот од северот на Србија.
Белградска Црвена Звезда го освои Купот на Радивоје Корач во Ниш, откако во драматично финалето го победи најлутиот ривал Партизан со 74-64 (23-23, 13-11, 16-13, 22-17).
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Предраг Самарџиски по скоро 9 месеци пауза повторно заигра на еден официјален меч, откако во четвртфиналето на Купот на Србија се појави во редовите на својот старо-нов тим Мега Лекс, кој славеше убедливо над Динамик со 84-57.
Славниот кошаркарски стратег Душан Дуда Ивковиќ се чини не може без кошарката, па по мала пауза по завршување на ангажманот во Анадолу Ефес си пронајде нова работа. Тој ќе биде советник на српскиот прволигаш Борац од Чачак, информација што ја потврди градоначалникот на оваа општина Милун Тодоровиќ.
Македонската кошаркарска репрезентација летово во Марко Дујковиќ доби нов член, но бомбастичните најави на веќе поранешниот селектор Драган Раца за корпулентниот центар не се остварија. Напротив, родениот куманобчанец се покажа како една голема грешка, прикажувајќи разочарувачки игри.
Првите луѓе на Црвена Звезда се обидуваат да го амортизираат ударот по заминувањето на нивните двајца најдобри играчи Мајк Цирбес и Квинси Милер, кои го засилија тимот на Макаби Тел Авив. За таа цел во „црвено-белиот“ дрес во наредната сезона ќе настапува повратникот Чарл Џенкинс.
Во четвртиот натпревар од финалето на кошаркарскиот шампионат на Србија во „Пионир“, кошаркарите на Црвена Звезда славеа победа на гостински терен против Партизан со 65-70. Со денешната победа „црвено-белите со 3-1 ја добија финалната серија, по што можат да започнат да ја слават својата 17. титула шампион на Србија, втора во серија. Претходно Партизан освојуваше 13 трофеи по ред.
Во третиот финален натпревар од шампионатот на Србија, кошаркарите на Црвена Звезда како домаќини во „Пионир“ се поразени од Партизан со 72-75 и не успеаа да ја искористат првата меч топка за освојување на титулата.
Тензиите, инцидентите и немилите настани во вечното дерби на српската кошарка меѓу Црвена Звезда и Партизан се секогаш присутни и тоа во сè поголема мера.
Кошаркарите на Црвена Звезда се вратија од -17 во финалната серија против вечниот ривал, Партизан и победија со 86-87 за 2-0 во финалето на плеј-офот. По дебаклот на првиот натпревар, во кој загубија со 31 разлика, „црно-белите“ не успеаа да го одбранат домашниот терен и сега треба да бараат чудо за да дојдат до титулата.
Нема крај на вандализмот и срамот на српските спортски навивачи. Партизан и Црвена Звезда ја продолжија финалната серија од плеј-офот во српското првенство во кошарка, а навивачите се погрижија никој да не зборува за кошарка.
Во првиот меч на финалната серија на Суперлигата на Србија, кошаркарите на Црвена Звезда ја покажаа својата класа и славеа убедлива победа над Партизан од 84-53. Кошаркарите на Црвена Звезда играат за својата 17. титула, а „црно-белите“ кои ги предводи нашиот поранешен селектор Џикиќ играат за својата 22. титула. Финалната серија се игра во три натпревари.
Кошаркарите на Партизан се спремаат за претстојната завршница на кошаркарската лига на Србија. Раководството на „црно-белите“ во договор со „MTS“ се договори на своите навивачи да им претстави дел од тренажниот процес.