Србија вторпат ја среди Словачка и обезбеди следна фаза од квалификациите за СП

Србија

Србија вторпат во неколку дена ја совлада Словачка (63-71) и обезбеди пласман во следната фаза од квалификациите за пласман на Светското првенство 2023.

Мечот беше пресликан како оној од Белград. Србите постојано имаа предност и на крај запишаа сигурна победа. Шутот од дистанца беше клучот за успехот на избраниците на Светислав Пешиќ. Најефикасен меѓу српските кошаркари беше Алекса Аврамовиќ со 24 постигнати поени.

  • Словачка - Србија 63-71:

Полска минимално ја доби Естонија (70-68), но заврши на последното место од групата. Грција ја потврди првата позиција со триумфот над Турција (67-76), а Финска во тесен натпревар ја изненади Словенија (79-83) и го доби директниот судир за врвот.

  • Словенија - Финска 79-83:

Вечерва се играат преостанатите натпревари од четвртото коло од мундијалските квалификации.