Србија со Никола Јокиќ во составот ќе го нападне европскиот трон

Претседателот на Српската кошаркарска федерација, Небојша Човиќ, изјави дека огромна е веројатноста Никола Јокиќ да биде дел од националниот тим на претстојното Европско првенство. 

Србија со „џокерот“ во тимот сигурно ќе се вбројува меѓу Топ-3 кандидатите за златниот медал, а навивачите со нетрпение ја очекуваат официјалната потврда. И самиот Јокиќ најави дека планира да се приклучи на подготовките на репрезентацијата, но и дека ќе му треба мал одмор после плеј-офот во НБА лигата. 

Нашиот северен сосед повторно ќе има исклучително силен тим со Јокиќ, Богдановиќ, Мициќ, Аврамовиќ и останатите, па сигурно ќе се обиде да се искачи на европскиот трон. Континенталниот собир ќе се одржи во периодот меѓу 27 август и 14 септември.