Србија шокирана од резервната Грција, но доби помош од Летонија

Кошаркарската репрезентација на Србија доживеа шокантен пораз од Грција (92-97) во претпоследното коло од квалификациите за Светското првенство (СП) во кошарка кое се игра оваа година.

Србите имаа двоцифрена предност во поголемиот дел од мечот, но на крајот запишаа пораз во Атина по продолженија. По голема драма во регуларниот дел, Грците се спасија од пораз со „двојка“ на десет секунди пред крајот, а во екстра-времето неспортска грешка доби Јарамаз на 11 секунди пред крајот и тоа го реши дуелот.

Никос Рогкавопулос со 28 поени беше најдобар кај „хелените“, пред Димитрис Мораитис пред 23 поени, додека кај Србија, Никола Милутинов даде 24 поени, пред Дејан Давидовац со 11 поени, а Душан Ристиќ заврши со десетка.

Во последното коло од квалификациите за Мундобаскетот, Србија се соочува со Велика Британија и овој меч е клучен за иднината. Голема помош „орлите“ добија од лидерот Летонија која ја совлада фаворизираната Турција (74-83) и така ја остави Србија осамена на третото место, последното кое води на СП 2023.

Србите може уште вечерва да слават СП 2023, ако Велика Британија направи изненадување против Белгија.

Најнови вести од
СП квалификации, Европа