Србија се спаси од шок и ќе игра со Франција за европското злато

Кошаркарските репрезентации на Србија и Франција се финалистки на женскиот Евробаскет кој се игра во две земји - Шпанија и Франција.

Домаќинот на турнирот беше сигурен и убедливо ја совлада Белорусија (61-73). Сите четири периода им припаднаа на „триколорките“. Мијем беше незапирлива со 24 поени, единствена со двоцифрен учинок кај победникот, а кај Белорусија, Бентли даде 23, пред Верамејенка со 14 поени и 13 скока.

Србија славеше над Белгија, но со судни маки (73-74), Белгијките имаа шут за победа и го погодија, арно ама не важеше затоа што времето истече. Васиќ со 16 и Црвендакиќ со 15 поени беа најдобри кај фаворитот, додека кај Белгија, Алеманд имаше 18 поени.

Финалето меѓу Србија и Франција се игра на 27 јуни од 21:00 часот, а претходно за бронзата ќе играат Белорусија и Белгија.