• Мартин Танасковски
Селекторот на кошаркарската репрезентација на Србија, Светислав Пешиќ, го објави списокот на 16 кошаркари на кои смета за настапот на Летните Олимписки Игри (ЛОИ) во Париз, Франција.
На него се наоѓа и најголемата ѕвезда на „орлите“, МВП-то во НБА-лигата, Никола Јокиќ. На списокот за ЛОИ се наоѓаат:
Василије Мициќ, Алексеј Покушевски, Богдан Богдановиќ, Никола Јовиќ, Никола Јокиќ, Владимир Лучиќ, Марко Гудуриќ, Вања Маронковиќ, Огњен Добриќ, Филип Петрушев, Никола Милутинов, Душан Ристиќ, Алекса Аврамовиќ, Огњен Јарамаз, Дејан Давидовац и Урош Плавшиќ.
ЛОИ се играат од 26 јули до 11 август, а Србија се наоѓа во група со САД, Јужен Судан и еден од квалификантите.