Србија не дозволи сензација со Велика Британија и се пласира на Мундобаскетот

Кошаркарската репрезентација на Србија, сепак, се пласира на Светското првенство, откако во решавачкиот натпревар од квалификациите во салата „Александар Николиќ“ ја совлада Велика Британија со резултат 101-83.

„Орлите“ го забележаа шестиот триумф (6-4) и од групата И им се приклучија на Летонија и Грција, кои претходно обезбедија виза за планетарниот шампионат.

Србија се соочуваше со сериозни проблеми во првото полувреме против аутсајдерот, но во продолжението избраниците на Светислав Пешиќ одиграа далеку подобро и со убедлива победа го обезбедија своето место меѓу 32-те најдобри светски селекции.

Најефикасен кај Србија беше Аврамовиќ со 20 поени, Митровиќ додаде 15, Добриќ 14, а Гудуриќ 13 poeni. Кај гостите се истакнаа Елис со 22 поени, Витли 16, а Адаму 14 поени. 

Најнови вести од
СП квалификации, Европа