• Зоран Мишевски
Кошаркарската репрезентација на Србија ja победи Кина во Шенжен со 87-64 (23-12, 20-16, 22-23, 22-13), во подготвителниот натпревар од Купот на солидарност.
Србија повде со 11-0, а Кина дури по три и пол минути успеа да го постигне првиот кош на натпреварот. Потоа домашните дојдоа до 12-17, но српскиот тим засили и го зголеми водството кое на полувремето изнесуваше 15 поени (43-28). Кина одигра подобро во третата четвртина, но недоволно да ја намали двоцифрената негатива. Во последниот дел избраниците на Светислав Пешиќ ја задржаа големата предност, а до крајот на натпреварот ја зголемија разликата која на крајот изнесуваше максимални 23 поени.
Србија ја предводеше капитенот Богдан Богдановиќ со 19 поени, Филип Петрушев постигна 13, а Вања Маринковиќ крај своето име запиша 11 поени. За кинеската селекција, која ја води Александар Ѓорѓевиќ, најефикасни беа Ху со 14 и Шуеи Жао со 13 поени.
Србија в понеделник од 14:00 часот против Бразил ќе го одигра вториот подготвителен натпревар пред Светското првенство.