Србија меѓу носителите на групите за претстојниот Мундијал во Кина

По завршувањето на квалификациите познат е и новиот ФИБА ранкинг, по кој се одредени шеширите за претстојната ждрепка на групите за Мундијалот во Кина.

Во првиот шешир, покрај домаќинот Кина, ќе бидат и репрезентациите на САД, Србија, Шпанија, Франција, Аргентина, Литванија и Грција.

Членовите на останатите шешири ќе бидат објавени во текот на претстојната недела, а конечниот изглед на групите ќе биде познат по ждрепката на 16 март во Шенжен.

Мундијалот во Кина ќе биде на програмата од 31 август до 15 септември, а 32 репрезентации ќе бидат поделени во осум групи. По првата рунда, по две селекции од секоја група ќе формираат нови четири групи, од кои најдобрите две репрезентации ќе обезбедат пласман во четвртфиналето.