ВИДЕО: Србија ја доби драмата со Турција, фаворитите според планот на патот кон СП

Репрезентацијата на Србија славеше во највозбудливиот натпревар вечерва во квалификациите за Мундијалот против Турција со 77-76. Со тоа избраниците на Светислав Пешиќ дополнително си ги зголемија шансите за пласман на Светското првенство.

Натпреварот во Белград понуди вистинска драма, двете селекции се менуваа во водството и имаа свои периоди. Последната четвртина ѝ припадна на Турција која почесто водеше, меѓутоа не успеа да се одлепи и на крајот домаќинот се радуваше на победата. Иако Вилбекин со 22 и Битим со 18 беа најдобри на паркетот, Србите со добар тимски перформанс дојдоа до триумф. 

И на останатите терени фаворитите одиграа според планот. Италијанците славеа во драмата со Грузија (84-85), Словенија без Дончиќ ја доби Германија (81-75), Франција ја декласира Босна и Херцеговина (92-56), Шпанија славеше со Холандија (84-72) и Грција триумфира во Белгија (70-72).

Најнови вести од
СП квалификации, Европа