Србија ја декласира Кина за четвртфинале, Австралија надмоќно против Венецуела

Српската кошаркарска репрезентација се квалификува за четвртфиналето на олимпискиот кошаркарски турнир во Рио Де Жанеиро. Победата над Кина од 94-60 најверојатно ќе ги класифицира српските кошаркари на третото место во групата и противник ќе им биде Литванија, Аргентина или Хрватска.

Во победата над Кина најефикасни во српскиот табор беа Богдановиќ со 19 и Калиниќ со 15 поени, но пред се екипата одигра на високо ниво во одбраната.

Австралија ја оправда фаворитската улога и со победата над Венецуела од 81-56 ќе завршат на второто место во групата веднаш зад САД. Крис Гулдинг со 22 поени беше прво име во убедливата победа на „кенгурите“.