Србија и Албанија ќе играат во Белград пред 52.000 гледачи!

Еден од најочекуваните натпревари на Балканот, тоа е пресметката меѓу репрезентациите на Србија и Албанија, ќе се одигра на легендарниот стадион „Рајко Митиќ“ во Белград.

Овој стадион, кој инаку е дом на фудбалскиот гигант Црвена Звезда, располага со капацитет од околу 52.000 места и важи за еден од најимпозантните стадиони во регионот. Атмосферата на трибините се очекува да биде жешка и сите билети да се распродадат.

Овој меч, освен спортска, носи и друга силна симболика. Вниманието на јавноста и медиумите е насочено не само кон резултатот, туку и кон амбиентот и спортскиот дух кој двете нации ќе го демонстрираат, по оној дуел во Албанија кој заврши 0-0.

Дуелот помеѓу Србија и Албанија се очекува да донесе голема борба на теренот, бидејќи и двете репрезентации се со високи амбиции и целосна посветеност на настапите во квалификациите за СП 2026.