Србија го разби Нов Зеланд и ја продолжи победничката низа пред СП

Српската репрезентација победи на претпоследниот меч од подготовките за Светското првенство во Кина. Кошаркарите на Александар Ѓорѓевиќ очекувано го надиграа Нов Зеланд (78-88) и ја продолжија победничката серија.

Стартот на мечот донесе доминација на Србите, кои стекнаа рана предност и не ја испуштија до крај. На четири минути до крајот на третиот дел стигнаа до максимални +18, што беше почеток на крајот на противникот.

Центрите доминираа на денешната средба. Милутинов беше прв стрелец со 19, Марјановиќ заврши со 17, а Јовиќ запиша 13 поени. Тај Вебстер со 16 поени се истакна на спротивната страна.

Последниот тест за Србија пред Мундобаскетот ќе биде дуелот со Франција во вторник.