Србија го освои петтото место на ЕП и избори квалификации за ОИ

Кошаркарките на Србија ја исполнија целта и го освоија петтото место на Евробаскетот, откако ја совладаа Германија со 62-78. Иако пристигнаа на турнирот како бранителки на тронот, Србинките не успеаја да достигнат највисоки дострели, меѓутоа дојдоа до пласман во квалификациите за Олимписките игри, што е утешна награда. 

  • Извештај од натпреварот:

Во мечот за петтата позиција на Евробаскетот, Германија беше целосно во подредена улога и константно бркаше резултат. По релативно израмнетиот прв период во кој Германките еднаш дојдоа до егал, Србија ги презеде работите во свои раце. На крајот на првата четвртина двоцифрено поведе и во продолжението не дозволи изненадување. 

Вториот дел беше апсолутно за Србија, предноста порасна и достигна максимални +24 на стартот на завршните десет минути. Тогаш фаворитките ја отпуштија гаста, па Германија успеа малку да ја смали предноста, но не и да изненади. Најдобра на мечот со 16 поени беше Андерсон, додека 12 уфрли Ѓорѓевиќ, а кај Германките се истакна Гиселсодер со 11 поеи. 

Србија го очекува февруари и квалификацискиот турнир за место на Олимписките игри во Париз следната година.