Србија без сили за изненадување со домаќинот, Грција тргна на ЕП со победа

Кошаркарките на Италија тргнаа со победа на Европското првенство, откако го добија дуелот против Србија по огромна борба (61-70) во „Пала Доца“ во Болоња. 

Еден од домаќините на турнирот направи разлика пред полувремето, а потоа се одржуваше во позитива. Србинките имаа свои моменти, меѓутоа немаа сили за кам-бек во завршницата и претрпеа стартен пораз. Прво име во победата на Италија беше Зандаласини која уфрли 20 поени, додека еден помалку имаше Ногиќ кај Србија. 

Грција ја оправда апсолутната фаворитска улога и со убедливи 87-65 ја совлада селекцијата на Швајцарија. Иако аутсајдерките парираа во првата четвртина, во продолжението Грција одигра одлично и заслужено триумфира. 

Најдобра поентерка на натпреварот беше Фасула во победничкиот табор со 21, додека кај Швајцарките се истакна Херминјард со 18 поени.