Во натпревар кој уште долго ќе се прераскажува, Партизан ја совлада Црвена Звезда во финалето на Купот на Радивоје Корач во Ниш и со тоа го одбрани трофејот освоен на истото место минатата година. „Црвено-белите“ имаа добиен натпревар, се чинеше дека лесно ќе ги приведат шесте поени предност и напад на половина минута до крајот, но им се случи дебакл. Партизан на две секунди до крајот израмни од слободни фрлања и потоа во екстра времето славеше со 85-84.