• Зоран Мишевски

Натпреварот од кошаркарската АБА лига меѓу Задар и Игокеа, на кој Игокеа победи со 67-68, дуелот мораше да биде прекинат во втората четвртина, а сето тоа резултираше со празнење на салата од страна на судиите за натпреварот да продолжи.
Мечот имаше неколку прекини, а откако тренерот на Задар, Данијел Јусуп беше удрен во глава, судиите и делегатот донесоа одлука гледачите да ги испразнат трибините. Прво натпреварот беше прекинат на неколку минути, откако судиите побараа еден навивач на Задар да ја напушти салата. По неговото одбивање да го стори тоа, истото го побара и тренерот на домашната екипа Данијел Јусуп. Незадоволните навивачи се судрија со стјуардите, а по кратка пауза играта продолжи. Следеше нов прекин кога судијата побара од друг навивач да ја напушти трибината. а потоа од тој дел на трибините излета недефиниран предмет и го удри Јусуп во главата.
Navijači KK Zadar pogodili su u glavu trenera svog tima Danijela Jusupa, pa je meč protiv @BCIgokea prekinut. pic.twitter.com/RoICKkgzeX
— Mondo.ba Sport (@MondoBiHSport) March 24, 2023
Судиите Урош Оберкнежевиќ, Марко Јурас и Марко Пецељ го напуштија паркетот, а кога се вратија наредија да се испразни целата сала. Натпреварот продолжи и се доигра пред празни трибини.