Срамен пораз на Шарлот: Далас го „уништи“ тимот на Мајкл Џордан со 68 разлика! (ВИДЕО)

Далас

Убедливата победа на Далас Маверикс против Шарлот Хорнетс (127-59) ја одбележа изминатата вечер во претсезоната на НБА лигата.

Ова е рекорден триумф во претсезонските натпревари во историјата на лигата, како и израмнување на највисоката разлика некогаш запишана во најсилната лига на светот. Во 1991 година Детроит Пистонс со идентични +68 го надигра Мајами Хит (148-80).

Хорнетси одржуваа приклучок само во првата четвртина. Потоа целосно се „распаднаа“ и беа посрамотени пред американската јавност. Тим Хардавеј јуниор со 20 и Кристапс Порзингис со 17 поени беа водечки стрелци кај тимот од Тексас. Лука Дончиќ имаше скромна вечер со десет поени и осум асистенции.

Победи запишаа уште Јута против Милвоки, Оклахома Сити над Денвер, Њујорк на мечот со Детроит, Орландо славеше над Бостон, а Индијана го победи Мемфис.