Сполстра по поразот: Мораме назад во училиште...

Тренерот на Мајами Хит, Ерик Сполстра беше видно разочарано по поразот на неговиот тим во првиот финален натпревар од НБА-лигата против Денвер Нагетс. „Жешките“ загубија со 104-93, а евидентни беа падовите во играта и големата стерилност во нападот. Сполстра директно и искрено одговори на прашањата поставени на прес-конференцијата по натпреварот. 

„Да, мораме назад во училиште. Голема школа беше овој меч за нас. Ќе ги прегледаме видео-снимките и ќе ги разгледаме нашите грешки. Во првото полувреме не делувавме баш како тим кој се бори за титулата во НБА-лигата. Во оваа фаза морате да сте на највисокото ниво, во спротивно ќе добиете голем удар. Тоа денес се потврди уште еднаш, а ние мораме да се поправиме. 

Промашивме многу отворени шутеви, тоа беше голем проблем. Да погодевме некој од нив, ситуацијата можеби ќе беше поинаква, но го прифаќаме епилогот од мечот и одиме понатаму. Докажавме дека сме најсилни кога е најпотребно и се надевам дека на следниот натпревар ќе возвратиме со целата наша сила“, заклучи Сполстра. 

Мајами Хит ќе одигра уште еден натпревар во Денвер, а потоа серијата се сели на источниот брег. „Жешките“ беа малку во грч на првата средба, но нивниот тимски дух стапува на сцена кога е најпотребно, долж целата сезона. На вчерашниот меч Џими Батлер не беше на посакуваното ниво, а најрасположен за игра беше само Бем Адебајо. Мајами се мачеше во нападот и не му одеше шутот, а тренерот Сполстра се надева дека тоа значително ќе се промени на вториот натпревар.