ВИДЕО: Сплит со „луда“ тројка речиси од пола терен го сруши Будуќност!

Кошаркарите на Сплит го изненадија Будуќност и минимално со 78-77 се радуваа на победа над големиот фаворит, кому ова му е само втор неуспех во АБА лигата. 

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Сани Чампара со луда тројка со звукот на сирената донесе голема радост на своите соиграчи во оваа пресметка. Акцијата на Сплит донесе промашен шут за три и лудо спасување, а потоа и неверојатна реализација на Чампара за победа и огромно славје. 

  • Победоносната тројка на Сплит:

За Сплит ова беше петта победа покрај деветте неуспеси во Јадранската лига, а фактот што дојде против еден од главните фаворити, може да биде стимул за иднината.