Спектакуларна партија на Ти-Џеј Шортс, Париз поведе во финалето со Монако

Екипата на Париз Баскет на домашен терен славеше над Монако со 94-82, во првиот натпревар од финалната серија на францускиот кошаркарски шампионат.

Одново лидерската улога во парискиот тим ја презеде македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс. Одличниот плејмејкер одигра спектакуларна партија и беше најзаслужен за триумфот на парискиот клуб.
Домашните навивачи му скандираа „МВП, МВП“ во текот на целиот натпревар, а плејмејкерот им се оддолжи со достојна игра. Тој постигна 30 поени, со шест скока и шест асистенции. По него следуваа Надир Хифи (18 поени) и Тајсон Ворд (16 поени). Во поразениот тим се истакнаа Мем Заите (17 поени, 9 скока) и Алфа Дијало (16 поени).

Тимот што прв ќе стигне до три победи ќе стане шампион на Франција, а следниот натпревар ќе се игра во вторник (20:30 часот) исто така во Париз.

ФОТО/PHOTO: Paris Basketball