Спектаклот во Белград продолжува: Црвена Звезда и Партизан добија покана за Евролигата

Белградските кошаркарски гиганти, Партизан и Црвена Звезда, официјално добија нова покана за настап во Евролигата и следната сезона. 

Двата клуба ќе мораат да платат сума од по еден милион евра, 750.000 за специјалната покана и уште 250.000 евра за трошоци за судиите. Српската кошарка одново ќе има два претставника во елитното натпреварување, а навивачите во Белград повторно ќе имаат шанса да проследат многу спектакуларни мечеви во „Штарк Арената“. 

Сигурни учесници во Евролигата следната сезона се Реал Мадрид, Барселона, Басконија, Олимпијакос, Панатинаикос, Анадолу Ефес, Фенербахче, Асвел, Парис, Монако, Макаби Тел Авив, Жалгирис, Баерн Минхен и Олимпија Милано. 

Комплетната листа на учесници ќе биде официјално соопштена кон крајот на месец јуни, а новата сезона ќе започне на петти октомври годинава.