ВИДЕО: Спектакл во Сан Франциско, Голден Стејт пресилен за Клиперси

Во исклучително ефикасен и динамичен натпревар одигран во „Чејз центарот“ во Сан Франциско, екипата на Голден Стејт Вориорс извојува триумф над Лос Анџелес Клиперс со резултат 124-112.

Гостите од Лос Анџелес подобро го отворија мечот и преку расположениот Руи Хачимура и одличниот надворешен шут ја добија првата четвртина со 37-29. Сепак, Вориорси брзо фатија ритам и со серија поени во втората четвртина го презедоа водството, заминувајќи на пауза со предност од 63-57.

Во второто полувреме домаќините ја одржуваа предноста благодарение на агресивната одбрана и одличната реализација зад линијата за три поени (погодија дури 22 тројки). Во последната четвртина Клиперси се обидоа да се вратат намалувајќи ја разликата на 118-110 во финишот, но Голден Стејт рутински го затвори мечот и стигна до својата четврта победа во сезоната.

Нерешлива енигма за одбраната на Клиперс беше Јаксел Лендеборг, кој одигра феноменален меч постигнувајќи 37 поени (6 тројки) и 6 асистенции. Одлична поддршка му беше Де’Антони Мелтон со 21 поен (6 тројки), додека Брандин Поџемски и Брендон Вилијамс додадоа по 17  поени.

Кај гостите најдобар поединец беше Руи Хачимура со 24 поени и 7 скокови. Кобе Сандерс додаде 16, а Дариус Гарланд забележа 15 поени и 7 асистенции.