Спектакл во Орландо: Лудиот Денвер од -19, до „мајсторка“ со ЛА Клиперс! (ВИДЕО)

Денвер Нагетс изборија херојска победа над Лос Анџелес Клиперси од 111-98 и заработија „мајсторка“ за пласман во конференциското финале. Иако губеа со 19 поени разлика, Јокиќ ги предводеше Нагетси со уште една неверојатна партија и 34 поени до победа над фаворитот. 

Клиперси не отворија како што треба и почетната предност им припадна на противниците, но бргу успеаа да се консолидираат и поведоа двоцифрено до крајот на четвртината. До полувреме оваа предност беше константно над десет поени, а на стартот од вториот дел стигнаа и до највисоките +19.

Сепак, Јокиќ и соиграчите не се предадоа и со серија од неверојатни 17-0 целосно се вратија и израмнија. Последните десет минути претставуваа надмудрување и најавуваа тесна завршница, но Денвер не дозволи такво нешто па целосно го презеде приматот и си обезбеди седми дуел со тимот од Лос Анџелес. 

  • Извештај од натпреварот: 

Најефикасен играч беше Никола Јокиќ, кој имаше „дабл-дабл“ со 34 поени и 14 скокови, а запиша и седум асистенции. Кај Клиперси најрасположени стандардно беа Пол Џорџ (33) и Кавај Леонард (25), додека кај Денвер Мареј уфрли 21 поен.