ВИДЕО: Спектакл со 250 поени во Берси и убедлив триумф на Сан Антонио

Кошаркарите на Сан Антонио Спарс славеа во спектаклот во Берси против екипата на Индијана Пејсерс (110-140). 

  • Извештај од натпреварот:

Се влезе израмнето во овој меч, се менуваа екипите во водство и првата четвртина Спарси водеа со 29-30. Подобро втората четвртина ја отвори Индијана, а потоа до полувремето ривалот стигна до водство и на одмор се замина со 57-60. 

Веќе во вториот дел Сан Антонио во целост се наметна и почна да гради предност. Бргу момците на Грег Попович се одлепија и на крајот убедливо триумфираа со највисоката предност. 

Виктор Вембањама го заврши мечот со „дабл-дабл“ од 30 поени и 11 скока, додека Весел уфрли 25. Кај Индијана се истакна Матурин со 24 поени.