• Мартин Танасковски
Легендата на Олимпијакос, Василис Спанулис, моментално главен тренер на Монако, зборуваше на прес-конференцијата пред полуфиналето на Кнезовите со Олимпијакос. Тој нагласи дека е сосема можно неговите деца да навиваат за Олимпијакос, а не за Монако.
„Знаете, полуфиналето е само еден натпревар. Секој ќе се бори за својот тим. Мојата љубов кон Олимпијакос ќе биде вечна. Но, 40 минути ќе бидеме противници. Најтешко ќе им биде на моите деца бидејќи не знаат кого да навиваат. Веројатно нивниот татко.
Секогаш е забавно да се игра вакви мечеви. Немам никаква тензија. Сакам да уживам правејќи ги едноставните работи. Во кошарката и во животот, има победи и порази. Ништо не завршува во полуфинале. Ќе продолжиме да се обидуваме. Во кошарката има многу порази, а малку победи. Цел живот се бориш за победи“, продолжи Спанулис.
Олимпијакос и Монако ќе се соочат на Ф4-турнирот во Абу Даби во второто полуфинале во петок со почеток од 20:00 часот.
ФОТО: Turkish Airlines EuroLeague/Facebook