• Зоран Мишевски
Српскиот кошаркар Немања Дангубиќ останува во Грција, само што го смени клубот. Искусното крило се сели од Прометас во Перистери. Ќе игра за легендарниот Василис Спанулис во Лигата на шампионите на ФИБА.
Минатата сезона со Прометеас во грчкиот шампионат имаше просек од 7,4 поени, 3,2 скока за 23 минути, додека во Еврокупот за 23 минути на теренот имаше просек од 7,4 поени и 3,2 скока. Некогаш, еден од најталентираните играчи на својата генерација, го привлече вниманието како јуниор во дресот на Хемофарм. Подоцна се пресели од Вршац во Мега, од каде што беше избран од Филаделфија како 54-ти пик на драфтот во НБА лигата во 2014 година.
НБА лигата и понатаму за него остана недостижен сон. Од Мега замина во Црвена звезда каде што остана четири години (2014-2018). Неговиот пат понатаму го одведе во Баерн, Естудијантес, две години помина во Партизан, па замина во Грција каде што игра и денес.