Совршениот настап на капитенот: Сите 43 поени на Нено против Литванија! (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ одигра неверојатен натпревар против Литванија во квалификациите за Европското првенство кое ќе се одржи следната година. 

И покрај поразот на нашиот национален тим, плејмејкерот на Олимпија Милано одигра меч за историја и постигна неверојатен учинок од 43 поени, четири скока и шест асистенции. 

Добра вест е што повредата што ја заработи во последната четвртина не е сериозна.