Сосема заслужено: Никола Јокиќ – МВП во НБА-лигата!

Српскиот кошаркарски репрезентативец Никола Јокиќ ја доби наградата за МВП (најкорисен играч) во регуларниот дел од сезоната во најквалитетната светска кошаркарска лига НБА и влезе во историјата.

Првиот кошаркар на Денвер Нагетс од почетокот на сезоната беше кандидат за најдобар кошаркар и сосема заслужено наградата сега е во неговите раце. Јокиќ е третиот европеец кој успеал да го добие ова признание, по Дирк Новицки и Јанис Адетокумбо.

Јокиќ оваа сезона со Денвер игра во полуфиналето на Западот, а во просек има 26,4 поени, 10,8 скока и 8.3 асистенции по натпревар.

Србинот беше 41-ви пик на НБА-драфтот и е најниско рангиран кошаркар кој успеал да дојде до ова признание. Воедно, Јокиќ е и шестиот играч кој не е Американец, а е прогласен за МВП.