Сосема очекувано: Мајк Џејмс е МВП на Евролигата

Како што се очекуваше, Евролигата официјализира дека Мајк Џејмс е МВП за сезоната 2023/24. 

Американскиот плејмејкер одигра одлична сезона индивидуално, додека со Монако беше третопласиран по лигашкиот дел. Сепак, патот на тимот од кнежевството запре во плеј-офот, бидејќи во „мајсторка“ за место на завршниот турнир беа елиминирани од Фенербахче

Инаку, Џејмс бележеше просек од 17,9 поени по натпревар, имаше 5,1 асистенција, 4,1 скок и 1,2 украдени топки, а просечен индекс на корисност од 19,4. Во гласањето учествуваа капитените и тренерите на тимовите, навивачите и новинарите. 

Претходно за најдобар тренер беше избран Чус Матео, најдобар стрелец е Маркус Хауард, додека во идеалната петорка освен Џејмс беа Кампацо, Хајс Дејвис, Лесор и Нан.