Сопственикот на ПАО: Обрадовиќ за мене е мртов човек!

Сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, во интервју за грчкиот магазин „Ол-стар баскетбол“, изнесе низа на контроверзии на неговиот однос со поранешниот тренер на грчкиот тим, Жељко Обрадовиќ.

На прашањето што мисли за Жељко Обрадовиќ, Јанакопулос изјави дека повеќе би сакал да го гледа натпреварот, отколку да зборува за тој човек, па продолжи:

„Додека Обрадовиќ беше во Панатинаикос имавме навистина прекрасни моменти. Но, во 2012 година кога ми рече дека не сака да биде повеќе дел од тимот - тој умре за мене. Поради тоа додека јас сум во ПАО, тој во „ОАКА Арената" може да доаѓа само како тренер на гостински тим“, заврши Јанакопулос.

Српскиот стратег во тимот на Панатинаикос беше цели 13 години, односно од 1999 до 2012 година, пред во 2013 година да премине во тимот на Фенербахче. Воедно, Обрадовиќ е и најтрофејниот тренер во историјата на Европа, а со тимот на Панатинаикос освои пет европски титули.