Сопственикот на Далас заговара мировен пријателски меч против израелската гордост

Ко-сопственикот на Далас Маверикс, Марк Кјубан, има идеја да го одведе тимот во главниот град на Израел, Тел Авив, каде би се одиграл пријателски натпревар за мир со екипата на гигантот Макаби. 

Оваа идеја звучи помалку лудо со оглед на ситуацијата во појасот Газа, но Кјубан верува дека е изводлива и се надева дека тоа би можело да се случи во блиска иднина. Може да настане еден проблем поради поддршката на Кајри Ирвинг за Палестина, но Кјубан смета дека тоа е надминливо и Далас може да одигра историски меч со Макаби. 

Израелската јавност нема ништо против, но властите во моментов не можат да гарантираат максимални безбедносни услови за екипите. Идејата е во процес на разгледување, а одлуката би требало да биде донесена до крајот на јули.

Доколку огнот помеѓу двете страни запре, мечот би се одиграл кон почетокот на септември, а тоа би била одлична можност за публиката да ги проследи магиите на Лука Дончиќ и останатите.