„Сопствениците“ на Евролигата го продолжуваат договорот до 2040 година

Бордот на Евролигата донесе голема одлука за иднината на ова натпреварување. Нема да има промени меѓу „сопствениците“, осносно тринаесетте клуба кои се сигурни учесници.

Реномираниот „Еурохупс“ пренесе дека сè е договорено за параф на новиот договор кој ќе биде во важност од 15 години. Сегашниот истекува следната сезона, а клубовите ќе потпишат нов кој ќе трае до 2040 година. Интересно е дека во структурите и натаму се наоѓа ЦСКА Москва која поради воената офанзива на Русија врз Украина веќе не игра во Евролигата, меѓутоа го држи своето загарантирано место. 

Освен ЦСКА, сопственици на правата во Евролигата се уште: Реал, Барселона, Басконија, Ефес, Фенербахче, Олимпијакос, Панатинаикос, Жалгирис, Макаби, Милано, Баерн и Асвел. Во приказната повторно ја нема Алба Берлин која во минатите месеци се бореше да добие трајна лиценца, меѓутоа тоа нема да се случи. 

Во моментов седум клубови настапуваат со привремени лиценци и од година во година се борат за својот статус во европската елита.