ФОТО: Сопругата со реакција откако Теодосиќ изостана од списокот за ЕП

Српскиот селектор Светислав Пешиќ ја шокира тамошната јавност и го изостави Милош Теодосиќ од конечниот список на Србија за Евробаскетот во септември. Капитенот и лидер беше дел од репрезентативниот табор повеќе од 15 години, но селекторот смета дека е прекуброен. 

Ова предизвика лавина реакции во српската јавност, а на листата се најде и сопругата Јелисавета Орашанин. Таа објави фотографија од Теодосиќ, со која пишуваше: „Многумина не сакаа да играат за репрезентацијата, но еден секогаш сакаше“, алудирајќи на многуте одбивања на дел од ѕвездите да играат за националниот тим. Иако сопругата на Теодосиќ бргу ја избриша оваа реакција, таа не остана незабележана. 

Теодосиќ од 2007 година беше дел од репрезентацијата на Србија, секогаш прифаќаше да игра без оглед на различните фактори. Иако и самиот тврдеше дека сака да одмори, кошаркарот на Виртус Болоња никогаш не одбиваше повик, за разлика од некои негови соиграчи во минатото.