ВИДЕО: „Соништата се остваруваат“ - Го препознавате ли овој кошаркарски мајстор?

Лука

Овој викенд на програмата во НБА лигата е „Ол-стар“ натпрварот на кој деби се очекува да направи и Лука Дончиќ.

Словенецот станува мега-ѕвезда во САД и достигнува популарност каква што сигурно никогаш не можел да си ја замисли. За тоа најзаслужни се неговите настапи во дресот на Далас Маверикс, кои му донесоа огромен број гласови од фановите.

Во пресрет на егзибицијата во Чикаго, тимот на Дончиќ сподели фотографија од детските денови на кошаркарот. 

„Соништата се остваруваат“, гласеше пораката на тимот од Тексас.