• Саше Љолес
Словенечкиот стратег Александер Секулиќ е назначен за нов шеф на стручниот штаб на Дубаи, каде го заменува неговиот сонародник, Јурица Големац.
Секулиќ доаѓа на клупата на клубот во клучен дел од сезоната и ќе го предводи тимот до крајот на натпреварувачката година. Неговиот прв предизвик ќе биде натпреварот против Валенсија во Евролигата.
Словенецот има богато тренерско искуство, а од 2020 година ја предводи и репрезентацијата на Словенија, со која стигна до четвртото место на Олимписките игри во Токио.
Во Дубаи ќе соработува со уште еден сонародник, Клемен Препелиќ, (капитен на тимот), со кого веќе имаа успешна заедничка работа во минатото.
Доаѓањето на Секулиќ следува по разделбата на клубот со досегашниот тренер Јурица Големац, а управата се надева дека новиот стратег ќе донесе свеж импулс во екипата.






