Солидно деби на Мекиќ во драматичниот пораз на Задар од Сплит

Адем Мекиќ дебитираше за новата екипа, хрватски Задар во домашниот пораз од екипата на Задар (83-84) во рамките на првото коло на плеј-офот во Премиер лигата на оваа земја. 

Македонскиот репрезентативец ги одигра првите минути за Задар, доби солидна минутажа и забележа одличен учинок. Мекиќ го заврши натпреварот со 15 поени, на кои надоврза и четири скока, а подели и една асистенција. Тој беше трет најдобар стрелец на неговиот тим. 

За жал, тимот на Задар претрпе драматичен пораз со тројка во завршницата, па не тргна во плеј-офот според планот. Во следното коло Мекиќ и соиграчите ќе го дочекаат тимот на Шибенка.