• Иван Димовски
Зек Ледеј е МВП на седмото коло во кошаркарската Евролига.
Американскиот кошаркар имаше одлична вечер во победата на Олимпија Милано над Виртус Болоња (99-90). Соиграчот на Ненад Димитријевиќ уфрли 19 поени, на кои надоврза четири скока, две асистенции, две украдени топки и седум изнудени фаули. Со тоа собра индекс на корисност од 29, а иако не беше највисок во оваа рунда сепак го доби признанието.
Чима Монеке беше на втората позиција и имаше поголем индекс на корисност (30), но Басконија загуби во Париз. На третото место заврши Никола Миротиќ, а во најдобрите пет се уште Везенков и Шенгелија.