• Горан Упале
Кошаркарскиот турнир во Франција е најгледан во историјата на Олимписките игри, соопшти денеска Светската кошаркарска федерација (ФИБА). Според ФИБА, 1.078.319 фанови во живо гледале машка и женска кошарка во Лил и Париз, со што го собориле рекордот од Атланта во 1996 година.
На олимпискиот турнир во Атланта, кошарка во живо следеа вкупно 1.068.032 фанови. Од ФИБА истакнуваат дека рекордот добива дополнителна тежина ако се знае дека на овие игри биле одиграни 40 натпревари помалку во двете конкуренции наспроти во 1992 година во Атланта, бидејќи форматот на натпреварувањето е значително различен. Претходно олимпискиот победник морал да игра најмалку осум натпревари, а сега шест.
Merci, #Paris2024!
https://t.co/oSnfQ79ULD#Basketball pic.twitter.com/sKtFZWLqMB
— FIBA (@FIBA) August 11, 2024
Просечната посетеност на натпреварите во Лил и Париз е 20.737, вклучувајќи ги и двете конкуренции, 21.711 за мажи и 19.763 за жени. Олимписки шампиони во двете конкуренции станаа Американците, кои на тој начин продолжија да доминираат на Игрите. Американците славеа по седумнаесетти, а Американките по десетти пат.