Снегот во Атина одложи натпревар во Евролигата

Дуелот меѓу Панатинаикос и Жалгирис од 18. коло во Евролигата уште еднаш е одложен и нема да се одигра в среда според планираното.

Причина за новото одложување на натпреварот се временските услови и врнежите од снег во Грција, поради што тимот на Жалгирис не е во можност да отпатува за Атина.

„Евролигата ќе ја разгледа ситуацијата во која се најдоа двата тима, како би нашла најдобар можен начин да се закаже нов термин за овој натпревар, во согласност со достапните датуми“, се вели во соопштението на Евролигата.

Дуелот меѓу Панатинаикос и Жалгирис е одложен по вторпат, првиот пат беше поради проблемите кои грчкиот тим ги имаше со коронавирусот во тој момент.

Според правилата кои важат во Евролигата оваа сезона, секој натпревар може да се одложува најмногу трипати.