Смртта на Балашевиќ го растажи роденденот на Јокиќ: Ова е голема загуба за сите нас...

Балашевиќ

Никола Јокиќ запиша „трипл-дабл“ на дуелот со Кливленд, само ден по славењето на 26. роденден.

Српскиот центар доби и стартно место на „Ол-стар“ натпреварот во Атланта, но сите тие добри вести „паднаа во вода“ поради смртта на легендарниот пејач Ѓорѓе Балашевиќ.

„На денешен ден почина Балашевиќ, човек кој го почитував и бев голем фан на неговиот карактер и дела. Како и да е, емоциите моментално се малку измешани. Не стигнав лично да се сретнам со него, за да му се заблагодарам што ми помогна да ја „измамам“ тогашната девојка за да ми биде жена. Жал ми е за тоа и мислам дека е голема загуба за сите нас, кои го сакавме“, рече Србинот.

На дуелот против Кливленд, српскиот кошаркар постигна 16 поени, 12 скока и 10 асистенции, но Џамал Мареј го засени неговиот одличен учинок со неговите 50 поени.