Смит ја продолжи „љубовта“ со ТФТ, најдобриот останува во Тафталиџе

Екипата на ТФТ направи голем чекор напред во формирањето на тимот и офицјално соопшти дека обновена е соработката со еден од најдобрите поедници во екипата, Амир Смит.

Смит, инаку син на НБА-легендата Џо Смит, некогашен играч на Детроит, Чикаго, Кливленд, ЛА Лејкерс... и прв пик на НБА-драфтот во 1995 година, постигна договор со екипата од Тафталиџе и во тимот ќе игра и во наредните две сезони.

Американскиот кошаркар кој беше еден од главните играчи во првата петорка на Боро Смилковски во Тафталиџе пристигна од колеџот Хемптон и за него изминатата сезона беше прва европска авантура и во неа импресионираше, како еден од најдобрите играчи во лигата.

ТФТ во деби-настапот во Првата лига дојде до плеј-офот, а настапи и на завршницата во Купот.