Смит: Додека бевме во „балон“ константно пушевме марихуана

Поранешниот НБА шампион, Џеј-Ер Смит зборуваше за периодот кој го мина во Лос Анџелес Лејкерс и „балоните“ кои се одржуваа поради коронавирусот. Искусниот кошаркар нагласи дека за да функционираат нормално, тој и колегите константно пушеле марихуана за време на строгите „балони“ во кои беа затворени и одвоени од семејствата. 

„Константно пушевме марихуана додека бевме во „балон“. На тој начин се извлекувавме од проблемите и ситуацијата. Моногумина сметаа дека нема да можеме да играме. Кога дојдовме на првиот собир, многу играчи не беа на очекуваното ниво пред празни трибини. Сепак, на крајот видовме добра кошарка. Марихуаната ни помогна, таа не е иста со алкохолот. Не можеш да постигнеш 60 поени додека си пијан“, призна Смит. 

Според него, многу кошаркари се решиле на таков чекор, а Смит реши отворено да зборува за тоа. Во својата кариера 36-годишникот беше шампион со Кливленд и Лејкерси, играјќи заедно со „кралот“ Леброн Џејмс.