• Горан Упале

Кошаркарите на ТФТ ја запишаа првата овосезонска победа во Суперлигата, откако во второто коло славеа над Скопје.
По натпреварот, тренерот на тимот од Тафталиџе, Боро Смилковски, ги сподели своите впечатоци, нагласувајќи дека триумфот е важен за младите кошаркари, кои заслужуваат континуирана поддршка.
„Емоциите секогаш се супер, особено по првата овосезонска победа, која ни е многу важна. Помладите имаат одличен перформанс и треба да продолжиме да ги поддржуваме. Го контролиравме резултатот иако имаше неизвесна завршница. Сепак, победа си е победа, продолжуваме да се подготвуваме за идните предизвици“, изјави Смилковски.
За ТФТ ова беше прв триумф во новата сезона, откако на отворањето беше поразен од Пелистер во Битола.









