• Горан Упале
По поразот на гостински терен во првиот бараж натпревар, кошаркарите на ТФТ Скопје вечерва пред својата публика ќе го пречекаат тимот на Борац Моцарт од Чачак. Тренерот Боро Смилковски, вели дека пред нив е сериозен испит и верува на добар настап на неговите момци.
„Ги поминавме овие неколку дена во физичко закрепнување и очекуваме дека ќе можеме да ја дадеме нашата максимална енергија. Реакцијата е очекувана, верувам во наш добар настап пред домашната публика. Не очекуваат два важни натпревари од АБА и домашното првенство, кои можат целосно да ја одредат нашата сезона. Свесни сме и со позитивен став дека ќе го дадеме нашиот максимум во обид да стигнеме до позитивен резултат“, вели Смилковски.
ТФТ во првата средба во Чачак загуби со убедливи 97-61. Во случај на победа на нашиот претставник вечерва, ќе се игра „мајсторка“.


