• Мартин Танасковски
Екипата на ТФТ Скопје ја очекува „меч за живот“ во плеј-офот на АБА-2 лигата. Тафталиџани играат против Златибор на домашен терен во серијата до две победи, а по поразот на гости, мора да триумфираат ако сакаат да останат со шанси за понатаму.
Мечот го најави тренерот Боро Смилковски, кој ги издвои факторите кои треба да се остварат ако се сака победа.
“Нашиот пеколен ритам на натпревари продолжува со реваншот против Златибор на домашен терен. Елиминациски натпревар за нас против одлична екипа која во меѓувреме, викендов ја освои и КЛС титулата на неколку кола до крајот на првенството. Свесни за пропустите од првата средба ке се обидеме подобро да го браниме шутот за три на Златибор, екипа со 37 погодени шутеви за три во последните два натпревари со преку 55% реализација. Физичкиот пристап и концентрацијата се клучните фактори во обидот да ја продолжиме плејоф серијата.", изјави тренерот Смилковски.
Натпреварот меѓу ТФТ Скопје и Златибор се игра во салата „Лазар Лечиќ“ во Градски парк, со почеток од 18:00 часот.


