Смилковски: Се надевам на позитивни резултати и пласман во наредната фаза

Екипата на ТФТ Скопје игра лоша сезона во БИБЛ лигата. Моментално има само две победи и дури шест порази.

Следен предизвик за тимот на Боро Смилковски е црногорски Теодо. Тренерот на „црно-белите“ се надева на позитивни резултати во наредниот период од сезоната.

„Од некој спортски инает, се надевам на позитивен исход во БИБЛ и со некој расплет и со две победи во останатите натпревари, да одиме во наредната фаза каде има екипи од Израел. Задоволни сме од она што го имаме, сакаме и младите македонски играчи да ги ставиме во фокус, да дадат некоја улога во тимот и во наредниот период да имаме уште некое име“, вели Смилковски.

ТФТ нема победа на последните пет натпревари во БИБЛ лигата. Последен пат се радуваше на домашниот дуел со Куманово во ноември.