• Иван Димовски
Кошаркарите на ТФТ Скопје ќе настапат во историско полуфинале од плеј-офот на АБА-2 лигата. По елиминацијата на Златибор, следна пречка за скопскиот тим е Сутјеска.
Пред стартот на дуелите против црногорскиот ривал, своите очекувања ги сподели тренерот Боро Смилковски, кој кажа:
„Нè очекува тежок натпревар против екипата на Сутјеска, екипа која по самата организациска структура, квалитет и игра навистина показжува сериозна амбиција за пласман во АБА лигата. Неколкуте сериозни ростерски промени пред почетокот на плеј-офот само го потврдуваат тоа. Имаат квалитетен и широк ростер, искусни играчи и тренер со доста натпревари на високо ниво. Мораме да бидеме енергетски и физички присутни во обидот на одговориме на нивната агресивност и игра со доста контакт во текот на целиот натпревар. Ја прифаќаме улогата на предизвикувачи, растеретени од резултатски императив, ќе го дадеме својот максимум во обидот да продолжиме да ја пишуваме клупската историја”.
Првиот меч од серијата „прв до два“ се игра во Црна Гора попладнево во 18:00 часот.