Смилковски: Победите со екипи од првиот шешир ни отвараат пат кон ТОП-8!

Екипата на ТФТ Скопје ја продолжи победничката серија во АБА-2 лигата и дојде до полн плен во натпреварот против српскиот претставник Војводина (75-71) одигран на домашен терен пред својата публика. Во претходната рунда, тафталиџани го победија Раднички Крагујевац и ова е одличен старт за тимот на Боро Смилковски.

„Мислам дека овој таканаречен "таск" да играме против екипа како Војводина во рамки на АБА2 натпреварувањето претставуваше чест, привилегија и предизвик во смила на организација бидејки за првпат во историјата на овој клуб сме домаќини и организираме натпревар. Неизвесен натпревар, можеби можеше да отиде на двете страни победата. Исклучително сум задоволен од енергијата и карактерот што го показа нашата екипа да не се откаже дури и во еден момент во четвртата четвртина имавме дефицит од девет поени. Успеавме да се вратиме. Нешто што ни претставуваше проблем во второто полувреме, беше нивната зонска одбрана, која доста го забави нашиот напад, меѓутоа најдовме начин како тоа да го пробиеме и со некоја игра еден на еден дојдовме во некоја серија на поени кои на крајот се покажаа како пресудни. Исклучително сум задоволен од крајниот исход. Ова е наше трето уќество во рамки на АБА2 лигата, амбициите на раководството на клубот оваа година како и мене како тренер и на играчите можеби е да направиме еден чекор понатаму и да стигнеме до плејофот. Системот е доста интересен, се играат осум натпревари после кои одма се преминува на плејофот. Со првите две победи против екипите кои се наогаат во првиот шешир мислам дека ни го отвараат патот да се надеваме на пласман во плејофот а понатаму спортски е да се надеваме дека ке стигнеме нешто подалеку.", изјави Смилковски.

Во следното коло ТФТ повторно игра на домашен терен, а во Скопје гостува тимот на Хелиос Домжале (4. ноември, 18:00 часот).