Смилковски: Паузата лошо влијае на нас, мечот се реши со серијата од 10-0

Македонскиот кошаркарски прволигаш ТФТ доживеа нов пораз на меѓународна сцена во АБА-2 лигата. Екипата на Боро Смилковски загуби од Шенќур (74-91), а по натпреварот, тренерот на македонскиот тим говореше за средбата која се одигра во Бања Лука.

„Прво сакам да му честитам на Шенчур за победата, тие немаа среќа до сега и скорот без ниедна победа се до овој меч не е реална слика за можностите и нивната игра. Противникот во мечот влезе доста агресивно, ние не фативме ран ритам на мечот, но во вториот период сето тоа ни се сруши во последните три минути кога противникот направи 10-0 серија и од +5 за нас, заминавме на -5 на полувреме. Во вториот дел на теренот беше една бркотница. Паузата која ја имавме малку лошо влијаеше на нашиот натпреварувачки ритам, имаме нови играчи, проблеми со повреди и беше евидентно дека ни фали еден ритам. Ама верувам дека следниот меч ќе бидеме подобри“, изјави Смилковски.

Следниот меч за ТФТ ќе биде на 26 јануари, против екипата на Широки Бријег.